27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Поповски: Мицкоски не може да го поврати целиот капацитет кој што го имаше Груевски

Најчитани вести

Актуелниот советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, професорот Владо Поповски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не може да го поврати целиот капацитет кој што го имал екс лидерот Никола Груевски.

-Мицкоски да го поврати целиот капацитет кој Груевски го имаше до 2009 година, се сомневам, не верувам дека ќе го поврати. Не мислам дека е толку вешт колку што е Груевски, а конечно немаше ни три чисти да почне самостојно, да не напаѓа, но да започне самостојно. Мицкоски згреши кога беше пред потпишување на Преспанскиот договор, кога го посети Меркел која после 2 минути излезе од кај него, Мицкоски не ја разбра ниту големата политика, ниту единствениот начин на пребродување на она што со Грците го имавме, вели Поповски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести