17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Поповски: Ковачевски мора да го има предвид револтот на граѓаните во понатамошните преговори со Петков

Најчитани вести

Тема што ја разбранува јавност викендов беше отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Тешко дека некој ќе има корист од ова, но штета ќе имаат сите проевропски сили и во Бугарија и во Македонија, вели новинарот и колумнист Љупчо Поповски за Утрински брифинг.

-Целата таа прослава беше непотребна. Ако тоа навистина е бугарски клуб, а не на ВМРО, ќе имаше зелени балони во боите на бугарското знаме, коментира Поповски.

Поповски вели дека да одбрале да го чествуваат Димитар Талев, кој е роден во Прилеп, но се води како бугарски писател, ќе се воспоставеше мостот, а не вака да се стави динамит под мостот.

-Огромен револт создаде во јавноста начинот на кој чекореа по улица бугарскиот премиер Петков со Каракачанов, како да се некакви ослободители, коментира Поповски.

Тој додава дека Захариева е јасно зошто дошла, бидејќи е пратеничка, но сосема е нејасно зошто доаѓа Каракачанов кој не е пратеник, ниту во владата, а ни лидер на опозицијата, освен ако причината не е провокација.

-Многу е важен исходот од изборите во Франција во недела, за да можемеда претпоставиме како ќе се одвива ситуацијата со проширувањето на ЕУ. Ако победи Ле Пен, општо во следните десет години може да се затвори прашањето со проширување на Унијата и не само за нас, вели Поповски.

Петков има два проблема што треба да ги реши – едниот е изборот на гувернерот на Народната банка, а вториот е тргањето на ветото за Македонија.

-Можностите на Ковачевски за разговори со Петков се стеснети во очите на македонската јавност. Ковачевски мора да ги земе предвид овие настани од викендов и реакциите по нив, вели Поповски.

Во врска со ставањето на Никола Груевски на црната листа на САД поради корупција со која ја загрозува земјата и регионот, Поповски коментира дека актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски би требало јасно да се дистанцира и да го прифати фактот на овие санкции.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com