Home » Поплави во Индија откако се излеа езеро, има десетици жртви

Поплави во Индија откако се излеа езеро, има десетици жртви

by Журнал.мк

Десетици луѓе загинаа, а стотици се исчезнати во североисточна Индија, кога поради обилните дождови се излеа езеро, поплавувајќи ја планинската долина. Катастрофата погоди над 22 илјади луѓе. Акциите за пребарување продолжуваат во услови на континуирани врнежи и надојдената река Тееста која на повеќе места однесе патишта и мостови.

„Тука имаше два моста, сега ги нема. Патот онаму исчезна“, изјави очевидец.

Надојдената вода се излеа и во урбаните средини урнувајќи неколку куќи, воени бази и други објекти, возилата останаа под вода. Метеоролозите предупредуваат за свлечишта по обилните врнежи што се очекуваат во наредните денови.

Други планински области на Индија, како и делови од соседните Пакистан и Непал, беа погодени од поројни дождови, поплави и лизгање на земјиштето во последните месеци, при што загинаа десетици луѓе. Минатата година Пакистан ги обвини климатските промени за невидени поплави предизвикани од историските монсунски дождови кои однесоа патишта, земјоделски култури, инфраструктура и мостови и загинаа најмалку илјада луѓе.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More