СВЕТПомпео изрази загриженост за ситуацијата во ЛибијаОбјавено пред 29 минути – 20 август, 2019Од Макфакс
Американскиот државен секретар Мајк Помпео во телефонски разговор со шефот на египетската дипломатија Самех Шукри изрази загриженост за конфликтот во Либија.
Американските медиуми наведуваат дека Помпео и Шукри покрај за Либија, разговарале и за потребата САД и Египет заедно да се борат против Исламска држава и ограноците на терористичката мрежа Ал Каеда, како и за израелско-палестинскиот конфликт и кризите во Сирија и Јемен.
Египет, заедно со Обединетите Арапски Емирати ги поддржува меѓународно непризнаените сили на генералот Калиф Хафтер, чија либиска национална армија се обидува од меѓународнот признатата либиска Влада да ја преземе контролата врз Триполи.