4 C
Skopje
Tuesday, March 9, 2021

Помпео во дводневна посета на Германија

Најчитани вести

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска ја почна дводневната посета на Германија, при што е предвидено да се сретне со германските владини претставници, а и ќе ги посети и американските војници стационирани во земјата.

Помпео ќе посети пет германски градови, а меѓу нив и местото Биндлахер Берг, каде беше лоцирана американска воена база каде тој беше командант на тенковска единица во 80-тите години од минатиот век.

– Во Берлин Помпео ќе одржи говор во кој ќе ја нагласи улогата на САД во пружањето помош за Источна и Централна Европа за да „се ослободи од јаремот на комунизмот“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Помпео беше командант на тенковска единица во касарната Кристенсен, во Биндлахер Берг. Таа база беше стратешки лоцирана, на околу 70 километри од некогашната внатрешна германска граница.

По повторното обединување на Германија, значително беше намален бројот на американските трупи, а во 1992 година американските сили се повлекоа од Биндлахер Берг. Некои згради се урнати, а другите се претворени во станови. Во Кристенсен денес има само една улица која потсетува на касарната. САД во Западна Германија во 1990 година, пред крајот на Студената војна имаше стационирано повеќе од 200.000 војници.

Во Источна Германија имаше распоредено двојно повеќе советски војници. Во 1994 година и последните војници заминаа од територијата на поранешна Источна Германија, а трупите на западните сојузници значително се намалени и во Германија останаа само војници на земјите-членки на НАТО. На територијата на Германија денеска се распоредени околу 35.000 американски војници, посебно во покраините Рајна Вестфалија, Баварија, Баден-Виртемберг и Хесен.

Додека Британците имаат 3.000 војници, а сите други многу помалку. За споредба, Бундесверот денес брои околу 182.000 војници. Но, американската војска во Германија не е само од пресудно воено значење, туку има и големо економско влијание.

Покрај војниците во базите работат и 17.00 американски и 12.000 германски цивилни работници. Преку германските бази, пред се од таа во Рамштајн, САД управуваат со воените операции во Азија и во Африка.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести