17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Помошник-државната секретарка на САД за европски прашања доаѓа во Скопје

Најчитани вести

Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид од 25 до 29 април ќе престојува во Западен Балкан, соопшти Стејт департментот.

Посетата на регионот Донфрид ќе ја почне на Косово на 25 април, каде, како што е најавено, ќе му се заблагодари на Косово што им обезбеди засолниште на Авганистанците и Украинците и ќе ја поттикне работата на реформите за демократска консолидација и интеграција во европските и евроатлантските институции.

Во Приштина таа ќе разговара и за изгледите за унапредување на дијалогот со Србија.
Донфрид потоа на 26 април ќе отпатува во Србија за да ја повика земјата да ги засили реформите насочени кон европската интеграција и да ја унапреди регионална стабилност и просперитет.

Американската претставничка во Белград ќе разговара за можностите за енергетска диверзификација и билатералните безбедносни и економски врски.

Во Белград таа ќе ја повтори потребата Србија и Косово повторно да се вклучат во дијалогот предводен од ЕУ.

Во Босна и Херцеговина (БиХ) на 27 април, Донфрид ќе ги охрабри функционерите да продолжат да ги вклучуваат институциите на сите нивоа на власта и ќе ја повика БиХ да постигне напредок во борбата против ендемската корупција.

На 28 април, со функционерите на Северна Македонија, Донфрид ќе изрази силна поддршка за преговорите на земјата за влез во ЕУ и ќе се заблагодари за помошта за Украина.

Американската дипломатка ќе ја повика најновата членка на НАТО да ја продолжи блиската соработка за голем број регионални, безбедносни и одбранбени прашања со цел промовирање на демократијата и регионалната стабилност.

За време на посетата на Албанија на 28 април, Донфрид ќе одбележи 100 години од американско-албанските дипломатски односи и ќе и се заблагодари на Албанија за нејзината посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Донфрид на 29 април ќе отпатува за Црна Гора каде ќе ја нагласи поддршката од САД и потребата да се забрза работата на евроатлантскиот пат на Црна Гора и пристапувањето во ЕУ.

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања ќе и се заблагодари на Црна Гора што се приклучи кон санкциите против Русија во знак на поддршка за Украина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com