0 C
Skopje
Thursday, January 28, 2021

Помалку фолклор и патриотизам за изборната кампања

Најчитани вести

Пишува Агенција Журнал.мк

Во пресрет на почетокот на предизборната кампања за предвремените парламентарни избори во Северна Македонија што ќе се одржат на 12 април, политичките партии водат интензивни разговори за формирање предизборни коалиции.

Во македонскиот политички блок коалициите меѓу политичките партии се скоро непроменети во однос на претходните избори, бидејќи СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги обединуваат сите мали партии, за да не изгубат гласови. Засега нема назнаки дека која било од политичките партии во Македонија би коалицирала со друг политички партнер.

Албанските партии сè уште тактизираат

Иако во различни дебати, албанските политички партии предупредуваа дека на избори можат да излезат сами за да ја тестираат силата, сепак изгледа тоа нема да се случи. Политичките анализиукажуваат дека со формирање предизборни коалиции, шанса да се освојат изборите се поголеми.

Албанската владејачка партија, ДУИ, може да излезе на гласање сама, но не е исклучена можноста таа да коалицира. Од партијата на Али Ахмети сè уште очекуваат како ќе изиграат албанските партии во опозиција.

Во меѓувреме, се одржаа повеќе јавни состаноци каде беше изразена подготвеност за соработка помеѓу партијата Алијанса за Албанците и партијата Алтернатива. Двајцата градоначалници од редовите на овие партии Зијадин Села и Африм Гаши, тврдат дека тие се согласиле за принципите на соработка, но сè уште ги немаат дефинитивно разграничено должностите и одговорностите.

БЕСА предводена од Билал Касами сè уште ја следи ситуацијата и од таму тврдат дека не може да се најдат во блокот на опозициските партии.

Кај ДПА, исто така, сè уште е неизвесна што ќе прават следно. Тие знаат дека сами немаат сила, но дека коалиција со ДУИ е неприродна и нелогична, заради ривалството што ги имаа во последниве години.

Интегрирањето на земјата во евроатлантските структури е единствениот приоритет во сите програми на политичките партии и се чини дека во овој момент сите се единствени по тоа прашање.

Што се однесува до албанските партии, едно од главните ветувања и заложбата за нејзино промовирање се националните вредности, целосна формализација на албанскиот јазик и права еднакви на македонското население. Во програмите на албанските партии се очекува да има ветувања за еднаков пристап до парите од буџетот, точка што ја ставија во минатото, но тоа никогаш не се реализира до крај. Се разбира, тука се и судските случаи што се очекува да бидат дел од програмите за креирање политики и недискриминација во правосудниот систем.

Во меѓувреме, македонските партии, најверојатно, ќе треба да ги вметнат прашањата за македонскиот идентитет, пропустите и достигнувањата направени со Договорот за менување на името за решавање на спорот со Грција и добрососедските односи со Бугарија, како и неуспехот да се отвори вратата за преговори за интеграција во ЕУ.
Најжешките точки на изборната кампања се очекува да бидат правните реформи, обвинувања за корупција, бегство на младите, економски развој, зголемување на даноците, социјален живот, слабо образование, здравствени проблеми итн.

Не се очекува дека ќе има зголемени судири и говор на омраза кон Албанците, бидејќи секоја од македонските партии е свесна дека нема може да формира влада без поддршка од албанските партии.

Сите се посветени на ненасилен, фер и чесен изборен процес, но прочистувањето на избирачките списоци, одлуките за една или повеќе изборни единици остануваат нерешени.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести