15.8 C
Skopje
Monday, October 25, 2021

Полското одметнување ја соочи ЕУ со тешки прашања

Најчитани вести

Преку формалното одметнување Полска можеби случајно ѝ направи услуга на Европската Унија. Во отвореното оспорување на правниот авторитет на европскиот блок, Варшава ја принуди ЕУ да одлучува дали сака потесна поврзаност или да остане во сегашната состојба. Без разлика на исходот, ЕУ ќе треба да направи суштински промени за долгорочен опстанок, наведува „Блумберг“.

Полскиот Уставен суд минатата недела одлучи дека дел од законите на ЕУ се во судир со полскиот Устав, кој има предност. Со други зборови, беше кажано дека националните судови имаат поголема важност од Европскиот суд на правдата.

Очигледно е дека Брисел не би смеел да ја толерира ваквата ситуација која ја оспорува хиерархијата на ЕУ, во која Европскиот суд е поставен над највисоките судски тела на 27-те земји членки. Но, истовремено се поставува и прашањето која е улогата на Европскиот суд, односно каков е неговиот однос со националните судови? Тоа, пак, води кон суштинското прашање, за тоа што претставува ЕУ.

Минатата година, највисокиот германски суд исто така изрече пресуда која навидум го доведува во прашање приматот на Европскиот суд, но во неа беше употребен подипломатски пристап, па овој случај помина тивко.

Во суштина, Брисел и Варшава веројатно ќе продолжат да се расправаат, а ЕУ ќе се обиде да одговори со ограничувањето на пристапот на Полска до финансиските средства, но никој нема да се осмели да ги постави најважните прашања за решавање на ситуацијата, што е наједноставното, но и најлошо решение, се заклучува во анализата на „Блумберг“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com