Еден од нив е полскиот ММА борач Дариуш Кажмјерчук (49) кој сака да го претепа популарниот Ибра поради настан од 2011 година.
Имено, Полјакот е голем љубител на животни и има намера да му се одмазди затоа што пред повеќе од десет години Ибрахимовиќ уби лав за време на еден лов.
„Тој кучкин син уби лав во 2011 година. Отиде на лов со еден куп магариња и го убија лавот само за трофеј. Се извлече без никакви последици, но јас му спремам брутален ќотек“, изјави популарниот Даро Лев.
Очекувано, на Ибрахимовиќ не му требаше многу време да одговори на оваа закана, а тоа го направи во свој стил.
„Тој е обична палачинка“, рече легендарниот Швеѓанец со босанско-хрватски корени.
Надалеку е познато дека Златан е голем љубител на боречките вештини и сопственик на црн појас во таквондо.
Во текот на својата фудбалска кариера на социјалните мрежи често објавуваше видеа и фотографии од тренинзите со ММА ѕвездите како Хамзат Чимајев и Хабиб Нурмагомедов.
Со тоа, не би било чудно доколку дојде до тепачка помеѓу познатиот фудбалер и споменатиот ММА борач.