Home » Полски државјанин во црни ќеси сокрил девизи, спречен обид за нелегално изнeсување на поголема сума албански леки

Полски државјанин во црни ќеси сокрил девизи, спречен обид за нелегално изнeсување на поголема сума албански леки

by Журнал.мк

Спречен обид за нелегално изнeсување на непријавени девизи во висина од 1.890.000 албански леки, што е околу 18.000 евра, откако полски државјанин на излез од државава, на граничниот премин Деве Баир, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници.

Поради постоење сомнеж автомобилот со полски регистерски таблици и патникот кој патувал со сопатник се упатени на детален преглед при што под задните седишта во близина на отворот на резервоарот во црни најлон ќеси како и во личните работи во ранците се пронајдени 3.952.000 албански леки што е околу 38.000 евра. 

Согласно Законот за девизно работење, нерезиденти можат да изнесат од државава до десет илјади евра, при што на двајцата патници им се вратени албански леки во вкупен износ од  2.062.000 леки или 20.000 евра, а останатите кои не биле пријавени и за кои не поседувале документ се привремено задржани.

Против возачот е поднесена пријава за девизен прекршок, а девизите согласно регулативата ќе бидат предадени на Народната банка, соопштуваат од Царинската управа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More