11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Полскиот премиер: Путин е поопасен од Хитлер и Сталин

Најчитани вести

Рускиот претседател Владимир Путин е поопасен од Адолф Хитлер или Јосиф Сталин, предупреди полскиот премиер, повикувајќи на искоренување на „монструозната идеологија“ на рускиот лидер.

Матеуш Моравјецки изјави дека арсеналот на оружје на Путин е „поубиствен“ од оној на Хитлер и Сталин.

„Монструозната идеологија на режимот на Путин претставува смртоносна закана за Европа и мора целосно да се искорени“, рече Моравјецки.

Изјавите доаѓаат откако Аврил Хејнс, директор на Националната разузнавачка служба на САД, изјави пред сенатскиот одбор дека Путин може целосно да ја мобилизира својата земја или да воведе вонредна состојба доколку почувствува дека воената ситуација се врти против него.

Шефот на разузнавањето рече дека има индикации дека Путин сака да создаде копнен мост меѓу Москва и прорускиот отцепен регион Придњестровје во Молдавија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com