12.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Полскиот парламент изгласа протерување илегални мигранти

Најчитани вести

Полскиот парламент изгласа легализација на протерувањето мигранти на границата. По измената на законот, Парламентот одобри и изградба на граничен објект вреден 353 милиони евра, кој ќе биде опремен со сензори за движење.

Измените на законот предвидуваат мигрантите кои илегално ја преминуваат границата и се приведени на лице место, да ја напуштат територијата на Полска. Може да им биде забранет влез во земјата во период од шест месеци до три години.

Покрај тоа, измените им овозможуваат на полските власти да не ги разгледуваат барањата за азил поднесени по илегално преминување на границата, доколку барателот не пристигнал директно од област каде што неговиот живот или слобода се загрозени.

Во последните недели, Варшава распореди илјадници војници на границата, подигна ограда со бодликава жица и воведе вонредна состојба со која им се забранува на новинарите и на хуманитарните организации пристап до целата граница долга 400 километри.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com