6 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Полска се бори против „одлив на мозоци“, го укинува данокот на приходи за млади

Најчитани вести

Нов закон, кој стапува на сила во Полска од денеска, ќе го укине данокот на приходи за речиси два милиона млади полски работници. Иницијативата е обид на владата да го спречи огромниот одлив на мозоци што Полска го доживеа во 15-те години од приемот во Европската унија.
Премиерот Матеуш Моравецки рече дека даночното намалување ќе им даде нови можности на младите луѓе „да бидат еднакви со оние на Западот“.

Полјаците на возраст под 26 години кои заработуваат помалку од 85.528 полски злоти (22.547 американски долари) годишно од 1 август ќе бидат исклучени од данок на доход, што е еднакво на 18 отсто. Просечната плата во Полска е нешто помалку од 60.000 злоти (15.700 американски долари) годишно.

Владата проценува дека 2 милиони луѓе ќе можат да имаат корист од мерката.

Кога Полска и седум други земји од Централна и Источна Европа влегоа во ЕУ во 2004 година, на нивните граѓани им беше дадено право да работат во заедницата без потреба од дозвола за работа или виза.

Моравецки рече дека 1,7 милиони луѓе ја напуштиле Полска во изминатите 15 години.

– Тоа е како да заминала цела Варшава… Загубата е огромна. Тоа мора да заврши, младите луѓе мора да останат во Полска, истакна тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести