4.1 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Полска распореди двојно повеќе војници на границата со Белорусија

Најчитани вести

Скоро 6.000 полски војници сега ја чуваат границата на земјата со Белорусија, зајакнувајќи ги безбедносните мерки против нападите на мигрантите, изјави денеска министерот за одбрана Мариуш Блашчак.

Распоредувањето дополнителни воени сили на границата со Белорусија значително го зголемува военото присуство таму. Само во саботата имало околу 3.000 војници повеќе на полско-белоруската граница отколку порано, рече Блашчак.

„Во моментов има речиси 6.000 војници од 16-та, 18-та и 12-та дивизија на полско-белоруската граница“, напишал министерот на Твитер.

“Војниците ги поддржуваат граничарите. Тие ја штитат границата на земјата и не дозволуваат мигрантите илегално да минуваат”.

Граничната полиција објавила дека во понеделникот биле регистрирани 612 обиди за илегални гранични премини.

Европската комисија и Варшава тврдат дека приливот на мигранти бил оркестриран од Белорусија како форма на хибриден начин на војување, дизајниран да изврши притисок врз Европската унија поради санкциите воведени против Минск, но Белорусија ги негира таквите обвинувања.

Полска прогласи вонредна состојба во регионот и планира да подигне ѕид на границата.

Полскиот парламент, исто така, усвои закон со цел, според застапниците за човекови права, да се легализира враќањето на мигрантите од границите, со што се кршат обврските на земјата според меѓународното право.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com