-9.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Полска побарала од Ватикан податоци за сексуално злоставување деца од свештеници

Најчитани вести

Полската државна Комисија за борба против педофилијата соопшти дека побарала од Ватикан податоци за сексуално злоставување деца од страна на свештеници во Полска, бидејќи полската католичка црква одбила да ги обезбеди бараните информации.

Претседателот на комисијата, Блажеј Кмечак, рече дека околу 30 проценти од случаите на сексуален напад врз лица на возраст под 15 години што ги испитувала комисијата се поврзани со свештенството. Тој додаде дека и покрај писмените барања оваа година до регионалните водачи на Полската католичка црква и другите цркви, само еден епископски суд ги достави своите архиви на Државната комисија за случаи на педофилија.

– Не добивме никакви документи или информации од Полската епископска конференција што би овозможила длабинска анализа на случаите што треба да ги разјасниме, изјави Кмечак на прес-конференција.

Затоа, Комисијата вчера испрати писмо до Ватикан со голем број прашања, вклучувајќи и колку случаи на наводен напад од страна на полски свештеници биле истражени во периодот 2000-2020 година, колку се прогласени за виновни, какви биле казните и колку свештеници се отстранети од црквата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com