-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

Полска католичка црква: Злоставувани повеќе од 300 деца од страна на 292 свештеници

Најчитани вести

Во својот последен извештај за сексуална злоупотреба на малолетни лица, Полската католичка црква наведе 292 свештеници за кои се тврди дека се злоставувачи.

Над 300 момчиња и девојчиња биле злоупотребени од 1958 до 2020 година. Случаите биле пријавени кај црковните власти од средината на 2018 година до крајот на 2020 година.

Извештајот е направен врз основа на информации и податоци добиени од жртвите, нивните семејства, други свештеници, медиуми и други извори.

На онлајн – конференција во Варшава, поглаварот на Полската католичка црква, архиепископот Војчех Полак, им се извини на жртвите и побара прошка.

Според црковната статистика собрана од сите епархии, од 1 јули 2018 година до 31 декември 2020 година, до црковните власти биле доставени 368 пријави за злоупотреба на деца на возраст под 18 години во периодот од 1958 до 2020 година.

Од 368 случаи, 144 се потврдени, 186 сѐ уште се испитуваат, а 38 се отфрлени како несигурни.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com