7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Половина Скопје затворено поради Ден без автомобили

Најчитани вести

По повод „Ден без автомобили“, настан кој ќе биде организиран утре во 11 часот од Град Скопје по повод Европската недела на мобилност, во градот ќе има изменет режим на сообраќај.

Имено, трасата на движење ќе се одвива од паркот Ибни Пајко-улица „Филип Втори Македонски“, лево по булеварот „Гоце Делчев“, лево по булевар „ВМРО“, десно по булевар „Партизански одреди“, десно по булевар „8 Септември“ и десно по булевар „Илинден“ до Школката во Градски парк.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај од 11 часот до завршување на настанот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопштија од МВР.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com