22.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Половина од новозаболените од КОВИД-19 се од британскиот сој

Најчитани вести

Се уште е рано за целосно да се опуштиме заради тоа што сепак тука е детектирана британската варијација, мутација на коронавирусот. Утрово стигнаа нови информации дека се поголем е процентот од вкупниот број на анализирани тестови од јанаури досега и според последните анализи, 50 отсто потпаѓа на таа мутација на вирусот. Ова вечерва го изјави министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „Топ Тема“ на ТВ Телма.

-Засега не гледаме драстична промена или некое оптоварување на здравствениот систем во делот на болниците. Во исто време гледаме што и како се случува во некои европски земји и затоа сме внимателни да не случи едно значајно зголемување на пациентите на кои ќе им биде потребно хоспитализација зошто е докажано дека овој вирус многу полесно се пренесува, изјави Филипче.

Прашан што значат истражувањата на МАНУ дека откриле неколку нови мутации на коронавирусот, Филипче рече дека кај нас досега има детектирано повеќе мутации на вирусот или 30-ина од вкупно 1.000 кои се детектирани ширум светот. Појасни дека една мутација е т.н. британска, за која, како што рече, има докази дека тој тип на вирус полесно се пренесува.

Министерот за здравство смета дека некаква значајна рестрикција поголема во однос на тоа што е сега, нема да има ефект.

– Ние во целокупниот изминат период имавме добро балансирани мерки, кои овозможија и контрола на вирусот, што се виде со падот на заболени и дијагностицирани во текот на денот. Имаме предвид како влијаат рестриктивните мерки и на менталното здравје итн. Токму тој балансиран пристап сега даде одлични резултати, рече Филипче.

Можно е, како што рече, ама за тоа сега нема никаква индикација дека има потреба, некаква дополнителна рестрикција. И секако дека ќе ја препорачаме ако видиме дека тоа е начинот за во даден момент се спречи дополнително ширење на вирусот. Нагласи дека засега нема таква индикација, ниту знак дека треба таква работа да препорачаме.

По денешниот старт на вакцинацијата против КОВИД-19 министерот за здравство ги отфрли критиките од опозицијата и рече дека само на пунктот во Модуларната болница до Инфективната клиника во Скопје ќе се вакцинираат од 300 до 500 луѓе. Посочи дека сакаат сите вработени кои работеа со КОВИД-19 да бидат вакцинирани на едно место. Според него, со таа динамика, од 300 до 500, многу брзо ќе се стигне до 4.000 вработени. Најави дека откако ќе стигнат останатите количини на вакцини системот на имунизација ќе се дисперзира насекаде ширум државата, тоа значи во сите вакцинални пунтови и во сите здравствени домови. Целта, како што рече, е да се постигне колективен имунитет.

Како што соопшти Министерството за здравство, во изминатите 24 часа регистрирани се нови 347 случаи на заболени од КОВИД-19 од направени 2.383 тестирања. Оздравени се 168 пациенти, а починати се седум. Шест пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести