20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Половина од граѓаните би се вакцинирале, а 16% се уште се двоумат – анкета на ИДСЦС

Најчитани вести

Половина од граѓаните изјавиле дека би се вакцинирале, а 16% се уште се двоумат, покажуваат податоците од анкетата што ја спроведе Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје.

Според нив, најголем дел од граѓаните ја преферираат вакцината на „Фајзер“. На второ место е „Спутник“, по што следуваат кинеската „Синофарм“ и „Модерна“, а најмал интерес има за „Астра зенека“. Со „Не знам“ одговориле 27 проценти од анкетираните.

Од друга страна, граѓаните сметаат дека Владата не прави доволно за да ја адресира состојбата со актуелната криза.

Институт за демократија преку Програмата за парламентарна поддршка секоја година го информира Собранието за перцепциите на граѓаните за неговата работа и генералните политики во државата. Па така и годинава, ги информираат креаторите на политики и јавноста што мислат граѓаните за здравствената криза и вакцинацијата против коронавирусот.

Инфографиците се изработени во рамки на Програмата за парламентарна поддршка на Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија, спроведена од НДИ, ИДСЦС и Центарот за управување со промени – ЦУП.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести