Половина од Канаѓаните постари од 12 години веќе се вакцинирани против коронавирусот, јави телевизијата Си-Ти-Ви повикувајќи се на извор од Министерството за здравство.
Повеќе од 16,7 милиони луѓе постари од 12 години или 50,06 проценти се целосно вакцинирани додека 78,4 проценти од Канаѓаните во истата возрасна група (над 26,2 милиони луѓе) примиле барем една доза вакцина.
Во Канада се испорачани 50,6 милиони дози вакцини од различни производители, од кои 43 милиони се веќе искористени. Кампањата за вакцинација во Канада почна на 14 декември.