14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Полиција упадна во седиштето на партијата на Себастијан Курц

Најчитани вести

Австриската полиција упадна во седиштето на партијата предводена од канцеларот Себастијан Курц, пренесуваат австриските медиуми.

Полициските претреси започнаа во раните утрински часови, а партијата ОВП на Курц вели дека тоа е политички притисок. Лидерот на партијата во моментов е во Словенија, на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Австриските медиуми наведуваат дека полицијата упаднала и во куќите на најблиските соработници на Курц – портпаролот Јоханес Фришман, координаторот за медиуми Гералд Флајхман и главниот стратег Штефан Штајнер.

Претресите, како што посочуваат медиумите, се однесуваат на парламентарната истражна комисија во врска со корупциската афера „Ибица“ и истрагата во врска со „Казиното на Австрија“. „Прес“ тврди дека истрагата се води во врска со наводните плаќања за „разубавување“ на анкетата на јавното мислење до весникот „Естерејх“.

Во изјавата, заменик -генералниот секретар на ОВП, Габриела Шварц, посочи дека биле претресени неколку имоти на луѓе блиски до власта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com