33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Полицијата уште го бара Мијлаков, ќе се распишува и меѓународна потерница

Најчитани вести

По целоноќна потрага по обвинетиот во предметот за масовното незаконско прислушување Сашо Мијалков, тој, како што информираше утринава кусо МВР, сè уште не е најден.

„Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница.“, вели МВР

Мијалков е пред пресуда во „Тврдина-Таргет”. Неделава треба да биде соопштена од страна на судијката Џенета Бегтовиќ од Основниот кривичен суд Скопје.

Мијалков е обвинет и во „Тортура“ и „Трезор“, а следниот месец завршува вештачењето за големата истрага „Империја“, каде што заедно со Орце Камчев, осомничен е за перење пари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести