9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

Полицијата уби четворица осомничени за атентанот врз претседателот на Хаити

Најчитани вести

Четворица осомничени се убиени, а двајца се уапсени по атентатот врз претседателот на Хаити, Жовнел Моиз, соопшти полицијата.

„Тројца полицајци беа уапсени, но во меѓувреме ослободени“, рече командантот, Леон Чарлс.

Нема објавено повеќе детали за потрагата по напаѓачите.

Моиз беше убиен во вчера вечерта во напад врз неговата резиденција во близина на главниот град Порт-о-Пренс.

Група неидентификувани лица, од кои некои зборувале шпански и англиски јазик, влегле во неговиот дом и го застрелале.

Неговата сопруга Мартина е тешко ранета и пренесена во болница во Мајами, изјави амбасадорот на Хаити во САД, Бокит Едмонд.

Амбасадата на Хаити во Вашингтон го опиша атентатот на Моиз како добро координиран напад од високо обучена и тешко вооружена група.

Локалните медиуми објавија дека напаѓачите се претставувале како офицери на Управата за борба против дрога на САД (ДЕА). „Извештаите за вмешаност во ДЕА се апсолутно лажни“, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.

Хаити со години е во длабока политичка криза, а протестите против власта на Моиз ја парализираа земјата. Тој управуваше со земјата со декрет, без одржување избори.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести