26.8 C
Skopje
Wednesday, June 16, 2021

Полицијата регистрирала 168 сообраќајни прекршоци во Скопје

Најчитани вести

Засилените акциски сообраќајни контроли на полицијата продолжуваат.

Министерството за внатрешни работи вчера на територија на Град Скопје вчера изрече вкупно 168 санкции, меѓу кои 13 за возење со брзина поголема од дозволената, 10 за возење без возачка дозвола, 44 прекршоци што ги чинат пешаците и четири за управување под дејство на алкохол.

Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, четири прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 65 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли на полицијата продолжуваат.

Полицијата апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести