18.8 C
Skopje
Saturday, April 1, 2023

Полицијата не го најде Игор Спасов во Македонија, распишана е меѓународна потерница

Најчитани вести

МВР распиша меѓународна потерница по Игор Спасов, еден ден по распишување на националната потерница.

Спасов од 18-ти октомври не е вратен во затворот Идризово, откако му истече условниот прекин на казната.

Пред два дена беше распишана национална потерница, откако Спасов се најде на листата побегнати криминалци кои се бараат само во Македонија. Откако поранешниот специјалец не беше пронајден, испратено е барање до судот за да се распише меѓународна потерница.

Специјалецот Игор Спасов, кој е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски. Од 14 години, тој одлежа половина. Казната затвор тој ја издржува од 2011 година, а во прекин му е од лани поради здравствени проблеми.

Најнови вести