15.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Полицијата лани извршила над 780 илјади контроли на луѓе во ковид-изолација

Најчитани вести

Полициски службеници само во текот на минатата година извршиле над 780.000 контроли на преку 210.000 лица што биле во изолација или самоизолација, додека пак во координација со надлежните инспекциски служби во текот на 2021 учествуваа во околу 35.000 контроли на разни видови објекти, рече денеска министерот за надворешни работи Оливер Спасовски.

Тој имаше видеообраќање на научната конференција „Промените, предизвиците и издржливоста на цивилната заштита за време на КОВИД-19“, организирана од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Тој вели дека пандемијата наметна потребата од смислен и прецизен меѓуинституционален одговор.

Во своето обраќање министерот го истакна фактот дека концептот за заштита и спасување, независно од карактерот на заканите или карактерот на предизвиците и состојбите, со сите кризни и загрозувачки потенцијали, во својата основа претставува исцрпен процес на опсервација, планирање и донесување одлуки што понатаму ќе треба оперативно да се реализираат.

„Тоа всушност претставува еден од базичните системски механизми според кој, меѓудругото, може да се добие јасна претстава за капацитетите, перформансите и зрелоста на општеството, неговите институции и нивната подготвеност соодветно и ефикасно да одговорат на можните кризни предизвици“, додаде тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com