18.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Полицијата кај битолчанец откри пиштол и шок бомба

Најчитани вести

Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Битола попладнево го лишиле од слобода 34-годишниот битолчанец В.П..

Од секторот за односи со јавност при СВР-Битола известија дека при претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9мм со една рамка и една шок бомба.

В.П. е приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com