-5.2 C
Skopje
Monday, January 24, 2022

Полицијата казнува возачи со затемнети стакла

Најчитани вести

Во периодот од 29 ноември до 5 декември 2021 Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) при што санкционирани се 23 возачи.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведуваат од МВР.

Возилата во сообраќајот на пат задолжително треба да ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнување на стаклата.

На правното лицe кое постапува спротивно на законот ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност. За прекршокот ќе му се изрече глоба и на одговорното лице во правното лице во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице.

Прекршочен платен налог со глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на правилата за затемнување на стаклата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com