Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе акциска контрола на територијата на цела Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 164 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 121 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 43 надвор од населено место.
Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.