5 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

Полицијата во Хонгконг ја оправдува употребата на оружје

Најчитани вести

Полицијата во Хонгконг денес го оправдуваше тоа што нејзините членови употребуваа оружје и пукаа во знак на предупредување на антивладините протести минатиот викенд, додека владините и опозициските пратеници ја обвинија другата страна дека е одговорна за насилството.

Помошникот комесар за полиција Мак Чин Хо изјави дека еден полицаец пукал во воздух додека шестмина држеле револвери, откако повеќепати биле нападнати од демонстрантите со метални шипки, долги палки и сообраќајни знаци.

„Употребата полициска сила беше навистина неопходна и разумна“, рече Мак на прес-конференција, пренесува АП.

Провладините пратеници ги осудија постапките на демонстрантите кои ги блокираа улиците, фрлаа молотови коктели и ги нападнаа полицајците. Про-демократските припадници на Законодавно-правниот совет истакнаа дека владата и полицијата треба да преземат одговорност, владата околу законите за екстрадиција што предизвикаа протести и полицијата за, како што ја нарекоа, селективно спроведување на законите .

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести