23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Полицијата во текот на ноќта и утрово растурила две домашни забави во Скопје

Најчитани вести

Полицијата во текот на ноќта и утрово растурила две домашни забави во Скопје при што се приведени 13 лица бидејќи се собирале и покрај забраната која е во сила како дел  од мерките за спречување на ширењето на Ковид-19.

Едната забава како што соопшти МВР била во стан на улица „Рајко Жинзифов“ каде било пријавено дека има гласна музика, нешто подоцна пред 3 часот наутро полицијата со судска наредба извршила контрола и привела 8 лица на возраст од 25 до 35 години меѓу кои и сопственикот на станот.

Во истиот период во иста таква акција на улицата „Елисије Попоски“ интервенирале Единицата за внатрешни работи – Центар и Интервентната полиција каде имало домашна забава на која присуствувале 5 лица, 4 од Скопје и едно од Битола. Сите се приведени. 

Против сите 13 лица ќе биде поднесена пријава по член 206 од КЗ за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Ова не е прв пат. Само последните 2 месеци полицијата да растури домашни забави со повеќе лица кои се забранети поради пандемијата. 

Синоќа е приведен и сопственик на угостителски објект во тетовско Горно Седларце. Полицијата во неговиот локал затекнала 29 гости по дозволеното работно време. Објектот е времено затворен а сопственикот ќе добие кривична пријава.

Од МВР соопштија дека вчера изрекле 306 парични казни за неносење на заштитна маска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести