22.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Полицијата во Мјанмар уби уште еден демонстрант

Најчитани вести

Полицијата во Мјанмар денес отвори оган врз демонстрантите во Мандалај и уби еден човек, а голем број луѓе повторно се собраа во Јангон, Патеин и другите градови во знак на протест поради државниот удар со кој војската ја презеде власта на 1 февруари, пренесува „Ројтерс“.

Неколку илјади луѓе мирно маршираа денес во Мандалај кога полицијата отвори оган за да ги разбие демонстрантите и еден човек беше застрелан во грло, потврдија сведоците за агенцијата.

„Мислам дека има околу 25 години, но сè уште чекаме потврда од членовите на семејството“, рече докторот кој ја прегледал жртвата.

Во Јангон полицијата истрела гумени куршуми и шок-бомби за да ги растера демонстрантите на кои им се придружија околу 100 лекари во бели мантили.

„Ројтерс“ известува дека високата комесарка за човекови права при ООН, Мишел Башелет, побарала од полицијата да престане со акцијата против мирните демонстранти и изјавила дека се уапсени повеќе од 1.700 лица, вклучувајќи 29 новинари.

Министерот за надворешни работи на Сингапур, Вивијан Балакришнан, употребата на оружје против демонстрантите во Мјанмар ја нарече национална срамота и побара од армијата да постигне мирно решение на кризата, наведува агенцијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com