3.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Полицијата во Ливерпул уапси 3 лица вмешани во експлозија на автомобил пред болница

Најчитани вести

Три лица се уапсени според Законот за тероризам во Велика Британија, откако едно лице загина во експлозија на автомобил пред болница во Ливерпул.
Автомобил за кој се верува дека бил такси и кој се наоѓал пред главниот влез на болницата експлодираше вчера напланде.

Сопатник во автомобилот загинал додека возачот е повреден, хоспитализиран и во стабилна состојба. Полицијата од Одделот за борба против тероризмот соопштија дека тројца мажи – на возраст од 29, 26 и 21 година – биле приведени во областа Кенсингтон во Ливерпул.

Причините за експлозијата и понатаму се разјаснуваат, бидејќи униформираните службеници работат главно на верзијата дека во автомобилот имало експлозив. Вооружени полицајци извршиле претрес на неколку домови. Болницата соопшти дека посетите во неа се забранети до понатамошно известување, а пациентите кои доаѓаат се прераспределуваат во други болници

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com