25.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Полициско возило тешко повредило дете во Аеродром

Најчитани вести

Скопје, 31 октомври- Полициско возило удрило дете во Аеродром. Имено, вработен во Министерството за внатрешни работи со службено возило удрил во малолетник во скопската општина Аеродром, кој со тешки повреди бил пренесен во болница.

Од МВР информираат дека несреќата се случила вчера во 11.35 часот малку по кружниот тек од улиците „Коста Новаковиќ“ и „Ангел Димовски“, кога автомобил „Опел астра“, сопственост на МВР, управувано од Б.Р., удрило во малолетник. Од силината на ударот малолетникот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје, но и од Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести