14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Полициски час на Закинтос и градот Ханија на Крит

Најчитани вести

Поради влошената епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи на Ковид-19, а по препорака од надлежната комисија, грчкиот остров Закинтос и градот Ханија на Крит од утре влегуваат во црвената зона и се воведува полициски час и забрана за музика во угостителските објекти.

Мерките ќе бидат во сила една седмица, односно до 13 август 2021 година, а полицискиот час ќе биде од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро, додека пак музиката ќе биде забранета во текот на целиот ден.

Дополнително, како што соопштија од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, забрането е организирање на секаков вид собири на над 20 лица во приватни простори, во спротивно, предвидени се казни од 50.000 до 200.000 евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com