Home » Полицајците во Македонија добиваат двојазични униформи

Полицајците во Македонија добиваат двојазични униформи

by Журнал.мк

Албанскиот јaзик официјално почна да се употребува и на полициските униформи.

На вчерашната седница на Владата е усвоена измената на Уредбата за униформите и нивните симболи со која се предвидува употреба на албанскиот јазик како службен јазик на униформите на полициските служби во согласност со законот.

Информацијата официјално е потврдена и од Владата. Во соопштението од денешната владина седница стои:

На оваа своја седница Владата ја донесе Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата.

Оваа Уредба е донесена врз основа на Законот за употреба на јазиците, каде што според член 8 став (3) е утврдено дека униформите на полицијата во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо.

Оваа Уредба влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе отпочне да се применува во текот на една година од денот на влегувањето во сила.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk