13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Полицаец од Свети Николе обвинет за лихварство

Најчитани вести

Вработен во МВР од Свети Николе доби кривична пријава за лихварство.

Според информациите, во периодот од 2020 до 30.07.2021, О.Ц. (50) неовластено се занимавал со давање на пари на заем, како и на потрошни предмети на одложено плаќање, искористувајќи ја социо-економската положба на оштетените, при што се стекнал со имотна корист од 539.800 денари.

При претреси во три објекти, сопственост на О.Ц., извршени со судска наредба биле пронајдени и одземени автомобил „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на лице од Куманово, автомобил „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на друго лице од Куманово, сообраќајни дозволи за двете возила, лична карта од едно лице, список со испишани имиња и парични средства.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com