3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Полицаец бил омаловажуван на гласачкото место

Најчитани вести

Од Министерството за внатрешни работи информираат за неколку инциденти поврзани со гласањето на изборите.

„На гласачко место 2353 и 2353/1 во с.Долно Количани во основно училиште „Кемал Ататурк“ од страна на Р.Е.(27) од с.Долно Количани бил омаловажуван полициски службеник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје околу 15,40 часот од претседател на изборна комисија С.А. во основно училиште „Гоце Делчев“ во населба Илинден на избирачко место бр.2393 било пријавено дека Р.А. од населба Илинден го сликал гласачкото ливче и им го покажал на членовите од изборната комисија. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

СВР Велес Во 18,15 часот на избирачко место 1239 во ОУ „Димко Габерот“ во Демир Капија лицето В.М. од Демир капија дошол да го оствари правото на глас, и кога комисијата му ги дала ливчињата, истиот ги искинал и ги ставил во џебот. Во консултација со Јавен Обвинител ќе се превземат потребните дејствија“, соопшти МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com