14.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Политички препукувања и за новиот нацрт закон за јавно обвинителство

Најчитани вести

Сериозно ги разбирме пораките на Европската унија а Нацрт-верзијата на законот за јавно обвинителство постои и е пратена на разгледување во владејачката коалиција, потврдија денеска од министерство за правда по вчерашната објава на ТВ 24 на дел од нацрт-верзијата на овој закон. Од министерството за правда не знаат да кажат кога евентуално би продолжиле преговорите со опозицијата по овој предлог-закон.

Ниту пратениците не знаат кога овој документ кој е услов за почеток на преговрите со Европската унија ќе влезе во собраниска процедура.

Според предложените решенија, за јавен обвинител во републичкото обвинителство, во вишите јавни обвинителства и во обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе бидат избрани обвинители со потврдени резултати во работата, способност за работење во сложени предмети, организациски способности, способност за координација во работата а обвинителот треба да ужива и углед во вршењето на функцијата. При изборот на јавен обвинител ќе се применува и начелото на соодветна и правична застапеност.

Владимир Туфекџиќ, судија во скопскиот кривичен суд зборувајќи за отвореноста на правосудните органи и состојбите во нив, вели дека не е проблем кој ги бира обвинителите туку како се бираат истите. Во таа смисла, тој се залага за уставни измени при изборот на идните јавни обвинители. 

Што се однесува до најгорливото прашање, утврдување на одговорноста на обвинителите, предлог-законот пропишува точно утврдени чекори за тоа. Во тој контекст, пропишано е дека следењето на работата на јавен обвинител ќе се врши преку редовно и вонредно оценување за период од четири години но и обврска на обвинителите за редоцвно доставување извештаи за нивната работа.

Предвидени се и лесни и тешки дисциплински повреди за што во зависност од утврдената повреда се пропишани и соодветни санкции. Од опомена до намалување на плата па се’ до разрешување. Јавните обвинители ги избира Советот на јавни обвинители со траен мандат а републичкиот обвинител го бира Собранието по предлог на Владата со мандат од шест години со право на повторен избор.

Од пакетот закони од областа на правосудството во собраниска процедура е оној за јавно обвинителска служба за кој опозицијата поднесе илјадници амандмани а работата на собраниската комисија на која требаше да се расправа по овој закон вчера беше одложена.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com