0.8 C
Skopje
Sunday, January 23, 2022

Политичка сцена во Црна Гора: Премиерот Кривокапиќ не планира да поднесе оставка

Најчитани вести

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ денеска изјави дека нема да потклекне пред притисокот на лидерите на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, чија листа ја предводеше на парламентарните избори, кои од него бараат да се повлече од премиерската функција.

– Преземав обврски и одговорност и нема да потклекнам пред првиот предизвик, изјави Кривокапиќ за подгоричкиот дневен весник Дан, нагласувајќи дека на Црногорците им треба подобар животен стандард, правда и подобра иднина и дека не им требаат лидери кои се откажуваат.

Владата на Црна Гора е во криза, откако во Парламентот беше усвоена Резолуцијата за Сребреница, а министерот за правда Владимир Лепосавиќ беше разрешен по предлог на Кривокапиќ поради оспорувањето на геноцидот во Сребреница.

Дел од владејачкото мнозинство, предводено од просрпскиот Демократски фронт, тогаш одлучи да го бојкотира Парламентот, наведувајќи дека нема да поддржи ниту еден предлог на Владата. Во исто време, лидерите на тој политичкиот сојуз, Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ, кои се блиски до српскиот претседател Александар Вучиќ, го обвинија Кривокапиќ, преку медиумите во Црна Гора и Србија, за предавство на Србите и Српската православна црква.

Одговарајќи на обвинувањата на лидерите на ДФ дека тој е предавник, Кривокапиќ им порача дека има одговорност само кон народот на Црна Гора, а наскоро ќе се знае што изневерија челниците на ДФ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com