Политичари кои сакаат да ја блокираат државата давале концесии преку кои добиле акции во странски компании, изјави вечерва на трибинина со која почна кампањата „Ние сме Европа“, министерот за економија, Крешник Бектеши.
-А тие компании каде што тие се акционери денес се сведоци против државата и тие мислам дека не треба да ја имаат поддршката од нашите граѓани. Затоа што освен што ја краделе државата додека владееле и биле министри, сега сакаат да добијат дополнително и отштета што би требало да ја плаќаат нашите граѓани, рече министерот.
Додаде дека името нема да го каже и дека треба, како што рече, „да го барате во Белата палата“.
-Министер од ВМРО-ДПМНЕ, а името ќе го кажеме за неколку месеци откако ќе заврши судската постапка, додаде Бектеши.