-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Политико: Макрон не прифаќа разговори со Албанија, може да направи исклучок за нас

Најчитани вести

Францускиот претседател Емануел Макрон побара измени во системот за внесување нови членки во Европската унија, нарекувајќи го „бизарен“ еден ден откако Париз се најде изолиран по ова прашање, пишува Политико.

На состанокот на министрите на ЕУ во Луксембург, Франција го отфрли започнувањето на разговорите за членство со земјите од Западен Балкан, Северна Македонија и Албанија. Исто така, блокираше кратка изјава во која се вели дека ЕУ ќе се врати на темата по Самитот на лидерите во Брисел оваа недела.

Додека Париз имаше некои сојузници во одбивањето на разговорите со Албанија, владата на Макрон стоеше сама во блокирање на почетокот на преговорите со Северна Македонија,.. Ставот на Франција предизвика бес кај некои други членки на ЕУ и за ова прашање ќе се расправа на Самитот на ЕУ, при што германската канцеларка Ангела Меркел е меѓу оние кои бараатт Франција да ја ублажи нејзината позиција.

Критичарите на Франција тврдат дека ризикува да ги врати напорите за стабилизирање на Балканот и зајакнување на ривалските сили во регионот на јужното крило на ЕУ. Тие, исто така, тврдат дека Северна Македонија ги исполнила тешките услови утврдени од ЕУ, вклучително и решавање на долготрајниот спор со Грција и дека неуспехот да се отворат разговори со Скопје ќе влијае лошо на кредибилитетот на блокот.

Некои дипломати на ЕУ се сомневаат во Макрон за користењето на прашањето за проширување на ЕУ како потпора за да се добие отстапки во други полиња. Но, на заедничката прес-конференција со Меркел во францускиот град Тулуз, Макрон инсистираше на тоа дека процесот на пристапување има потреба од фундаментални промени.

„Мислам дека мора да ја реформираме оваа постапка, која во моментот е неповратна, не е прогресивна и не е адаптирана“, рече тој. „Ние правиме работи што се бизарни … Даваме визна либерализација, право слободно да се движиме меѓу нашите држави, пред дури да ги отвориме преговорите.“

Макрон јасно стави до знаење дека не може да прифати разговори со Албанија во оваа фаза, но се чинеше дека остави простор за маневрирање на Северна Македонија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com