-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Покренато обвинение против Јанакиески и Јанушев и уште двајца за набавката на двокатните автобуси

Најчитани вести

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведената истражна постапка, поднесе обвинителен акт против четири лица до Основниот кривичен суд Скопје.

Како што соопшти Јавното обвинителство, при спроведување постапка за јавна набавка, обвинетите како соизвршители ја искористиле својата службена положба и овластување и спротивно на Законот за јавни набавки, прибавиле корист за економскиот оператор од Република Кина. Обвиниетите незаконски го фаворизирале и со него склучиле договор за набавка на 202 двокатни автобуси. Со извршените дејствија нанеле штета на Буџетот во износ од 293.773.226,00 денари или 4.772.920 евра.

По три неуспешни постапки за набавка на двокатни автобуси што биле спроведени во текот на 2008 и 2009 година, во февруари 2010 година била спроведена нова постапка за јавна набавка.

„При отворање и разгледување на понудите доставени по јавниот оглас за набавка на 200 автобуси од затворен тип и два автобуси од отворен тип, обвинетите С.Ф.П. (47) како претседател и И.Ј.(36) и Ј.Ј.А.(62) како членови на Комисијата за спроведување на јавна набавка на двокатни автобуси за ЈСП на Град Скопје, во договор со првообвинетиот М.Ј.(43), постапиле спротивно на Законот за јавни набавки и фаворизирале економски оператор, кој до денот на отворањето на понудите немал доставено банкарска гаранција на понудата и сертификат за квалитет ИСО 9001:2000, како што било пропишано во тендерската документација“, стои во соопштението.

Според обвинителството, Комисијата наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, ја продолжила постапката и извршила евалуација на двете доставени понуди. И покрај тоа што понудата на економскиот оператор од Република Бугарија била за 4.772.920 евра пониска, Комисијата го избрала економскиот оператор од Кина и му предложила на првообвинетиот да склучи договор со него.

Првообвинетиот, како што се наведува во соопштението, иако знаел за недостатоците на избраната понуда, наместо да ја поништи постапката за јавна набавка поради битни пропусти, тој донел Решение за избор на најповолна понуда и склучил Договор за купопродажба на автобуси на износ од 35.425.410 евра.

Со дејствијата опишани во обвинителниот акт обвинетите сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување предвидени и казниво по член 353, став 5 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик.​

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести