17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Покетино побарал да му го донесат Де Хеа

Најчитани вести

ПСЖ покажале сериозен интерес за голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа. Според англиските медиуми, тренерот на „светците“, Маурисо Покетино, побарал од клупските челници во летниот преоден рок да го реализираат овој трансфер.

Де Хеа, кариерата ја започнал во Атлетико Мадрид, а во Манчестер јунајтед се пресели во 2011 година. Минатата година тој го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“, со што стана најплатениот играч во тимот, со неделна плата од 440.000 евра.

ПСЖ е еден од ретките клубови, кој може да ги исполни финансиските услови на голманот, а во исто време има пари да понуди сума која ќе го натера Јунајтед да го продаде Де Хеа.

Јунајтед покрај Де Хеа, во клубот го има перспективниот голман Дин Хендерсон, за кого стручната јавност на Островото е сигурна дека еден ден ќе биде број 1 во репрезентацијата на Англија.

Според медиумите, доколку не успее со Де Хеа, тогаш Покетино ќе се обиде да го донесе Иго Љорис, со кого успешно соработуваше во Тотенхем.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести