9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Покетино не можеше да ги види играчите на Тотнем, па им напиша порака на таблата во соблекувалната

Најчитани вести

Веднаш откако добил отказ, Покетино облечен уште во опрема од клубот, отишол во соблекувалната да им напише порака за збогум на своите фудбалери.

На таблата на која вообичаено им пишувал тактика, Покетино напиша: „Големо благодарам за сите вас! Не можевме да се збогуваме… Секогаш ќе бидете во нашите срца“.

Пораката која е од Покетино и неговиот стручен штаб, на социјалните мрежи ја објави Хесус Перез, вториот негов помошник.

Голем гест на Покетино кој не освои титула со Тотнем, но направи многу за овој англиски тим, го придвижи неколку скалила нагоре овозможувајќи му речиси секоја сезона да игра Лига на шампиони, а и да почувствува како е да се игра во финале на најголемото клупско натпреварување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести