Home » Покетино исвиркан од навивачите на ПСЖ: Повеќе не зборувам за мојата иднина

Покетино исвиркан од навивачите на ПСЖ: Повеќе не зборувам за мојата иднина

by Журнал.мк

Пари Сен Жермен си поигра со Лориен и оствари уверлива победа од 5-1 со што направи уште еден исчекор кон враќање на шампионскиот пехар во француската престолнина.

Конечно на еден ист меч „запали“ големата тројка Мбапе, Меси и Нејмар, трио кои ги даде сите голови за лидерот во Лига 1. Меѓутоа повторно има свирежи од навивачите кон ѕвездите на ПСЖ, исвиркан беше Серхио Рамос при влегувањето во игра, а пред стартот на истиот начин беше „награден“ тренерот Маурисио Покетино.

Секако ова го погодува Аргентинецот кој им порача на медиумите дека нема повеќе да зборува за неговата иднина во Париз.

-Отсега нема да зборувам за мојата иднина во клубот. Имам договор за уште една година и пред да донесеме каква било одлука треба да ја анализираме ситуацијата,-рече Покетино кој за елиминацијата од ЛШ кратко порача:

-Досега доаѓавме до полуфинале и финале, сето тоа е дел од процес кој бара време. Имате и тимови како Јувентус и Манчестер Сити кои исто така сакаат да ја освојат Лигата на шампионите, но не можат да дојдат до она за што работат, -рече Маурисио.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk