21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Покетино: Головите случајни, поразот заслужен

Најчитани вести

Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Маурисио Покетино, се надева дека неговиот тим може да избори добар резултат во реваншот против Манчестер сити. ПСЖ синоќа доживеаја пораз од Сити 1:2, во првиот полу-финален натпревар во Лигата на шампионите.

„Одигравме две различни полувремиња. Бевме добри во првото, заслуживме да водиме, тие беа подобри во вториот дел. Головите кои ги постигнаа беа случајни, но створија повеќе шанси. Разочарувачки е начинот на кој ги примивме головите. Тешко е да се прифати таков пораз“, рекол Покетино.

Реваншот во Манчестер на програмата е во вторник. Пред тој дуел, ПСЖ, ќе играат против Ланс во домашното првенство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести