7 C
Skopje
Wednesday, February 24, 2021

Познат српски пејач остана без покрив над глава: Сопругата го избркала зашто му ја дознала љубовницата

Најчитани вести

Познатиот српски фолк-пејач Митар Мириќ е без покрив над главата. Неговата сопруга Сузана го исфрлила од домот кога во медиумите се појавија фотографии од неговата 30 години помлада девојка.

Наводно пејачот цели две години бил во тајна врска со новата девојка, но добро внимавал да не биде откриен.

Кога сопругата дознала за овој срам, без размислување му кажала да си ги собере куферите и да си оди. Ова не го погодило многу пејачот и без да размислува многу си ги спакувал неопходните работи и си заминал..

– Митар се заљубил како тинејџер и не го интересираат последиците. Му е гајле за бракот, тој сега е на седмо небо. Сопругата знаеше дека тој е неверен, но не знаеше која е во прашање. Сега кога се дозна, веднаш го избркала од куќата и веќе не сака да слушне ништо за него. Сузана многу му има помогнато во животот, но веќе не сака да толерира ништо – изјавил извор близок на семејството Мириќ.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести