Врвен руски научник и професор на Роскосмос, кој претходно им помагал на странските колеги во НАСА, починал од труење по двонеделно боледување, соопштено е денеска.Професорот Виталиј Мелников (77), кој го предводеше Одделот за ракетни и вселенски системи во РСЦ Енергија, водечки производител на вселенски летала во Москва, се бореше со ненадејна и сериозна болест.Изворот на неговото труење биле печурки кои не се јадат, објави московскиот весник.
Ова е само еден во серијата пријавени смртни случаи од труење на Руси од висок профил.