Оваа недела треба да биде официјализиран трансферот на Матијс Де Лихт во Јувентус. Младиот капитен на Ајакс ќе заигра во Серија А, а неговиот матичен клуб за тоа ќе добие 70 милиони евра.
Агентот на младиот Холанѓанец, Мино Раиола, исто така ќе добие големо парче од колачот. Последните информации тврдат дека во неговиот џеб ќе завршат неверојатни десет милиони евра.
Еден од најпознатите фудбалски агенти на денешницата уште еднаш ќе ја покаже својата моќ и ќе заврши огромна зделка ова лето.
Де Лихт се очекува да ја одбие Барселона, за да заигра покрај својот идол Кристијано Роналдо.